Од полноќ ќе возиме поскап бензин и дизел
Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на Еуросупер БС-95 е 80,00 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 81,50 денари, на Еуродизелот 67,50 и на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) 56 денари.
Се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 39,71 денари за килограм.
05.05.2014 - 12:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа