Полицијата ловеше лоши момци - скопјани и кумановчанец зад решетки
СВР Скопје го лиши од слобода 45-годишниот Горан Г. од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од десет месеци, за сторено кривично дело “убиство од небрежност”.
СВР Скопје го лиши од слобода и 31-годишниот Даниел Г. од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година и три месеци, за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. Истиот е спроведен во Затвор – Идризово.
Исто така, околу 12 часот и 20 минути на Граничниот „Табановце“ на излез од РМ од страна на полицијата лишен е од слобода 38-годишниот Н.Р. од Куманово затоа што при извршена проверка истиот евидира во евиденција за лиши од слобода и спроведување до Затвор Скопје за сторено кривично дело “фалсификување пари”.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа