Проверете дали сте најдосадниот пар на Фејсбук!
Особено популарни во последно време се фотографии од аровите во кревет, направени непосредно по секс. Дали воопшто е потребно да се дискутира зошто ваквите фотографии не би требало да завршат на социјалните мрежи?
Сигурно на сите ваши пријатели им е мило што конечно ја најдовте својата сродна душа, што сте во среќна и харомнична врска или брак, но доколку секојдневно тоа им "го сервирате" пред очи, фалејќи се со романтичните фотографии, се "расфрлате" со срценца, смешковци, бакнежи по статуси и коментари, многу е голема веројатноста дека ќе им се смачи од вас.
Еве неколку работи со кои паровите ги иритираат своите пријатели на Фејсбук.
1. Селфи од заљубените парови самите по себе се иритантни, особено кога правите нова секој втор ден. Ризикувате на вашите пријатели да им се смачи од вас и вашите бакнежи и срценца кои ги објавувате како опис на фотографиите.
2. Полошо од изливот на емоции по повод прославата "еден месец заедно" се изливите на емоции без посебна причина. Сите најверојатно ќе се запрашаат што ви се случило во главата кога еден ден ќе се разбудите и ќе објавите статус:
"Никогаш не верував дека ќе се чувствувам вака, сигурна сум дека ја пронајдов мојата сродна душа, ова е нешто неверојатно и не ме интересира што мислат другите, те сакам и вечно ќе те сакам".
3. Особено популарни во последно време се фотографии од аровите во кревет, направени непосредно по секс. Дали воопшто е потребно да се дискутира зошто ваквите фотографии не би требало да завршат на социјалните мрежи?
4. Посебна категорија заземаат пораките кои ги разменувате јавно, на вашите "ѕидови" на профилот, а кои само вие можете да ги разберете. Покрај тоа што за другите овие работи се глупи и непотребни, најверојатно и ќе ве блокираат.
5. Доколку некој од вашите пријатели на Фејсбук дочека да организирате свадба, брзо ќе исчезне од вашата листа на пријтели доколу започнете секој ден да ги известувате за фазите на подготовките за свадбата. Таквите статуси се особено навредливи доколку голем број од вашите пријатели не сте ги ни повикале на свадбата, а мораат да ви ги читаат дури и најситните детали околу истата.
6. Земете го за пример фактот дека вие како пар обожавате да возите велосипед и тоа го правите секој викенд. Дали сметате дека на некој му е интересно секој викенд повторно и повторно да ги гледа истите фотографии со два велосипеда на некоја стаза? Размилете уште еднаш.
7. Исто така, задолжителното чекирање на Форсквер и на Фејсбук и секогаш кога заедно ќе излезете во кафуле, бар или клуб, многу брзо ќе им станат здодевни на сите ваши пријатели.
8. Колку иритирате додека се сакате толку иритирате и кога ќе се скарате. Дали навистина мислите дека некој е заинтересиран што "Токму тогаш кога ќе го изгубиш, сфаќаш што си имал"?! Секако, за помалку од 24 часа следи помирување, а потоа нов циклус на патетични статуси, непотребни изливи на емоции и како "шлаг врз јаготката" - селфи после сексот по повод помирување.
Извор: Точка
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа