Повеќе не ме интересираат мажите- се отвори Наташа Беквалац

 

Познатата пејачка Наташа Беквалац и манекенот Владимир Вуксановиќ иако ја раскинаа веридбата пред три месеци, но и понатаму се мета на јавноста поради наводните нови љубови.

Наташа сите приказни за неа и бившиот вереник, ги игнорира и вели дека дека љубовта во моментов не и е приоритет.

 

"Немам што да кријам, се се гледа на мене, а најмногу дека сум среќна и исполнета жена. Луѓето генерално го поврзуваат мојот емотивен статус со расположението. Сметаат дека сум среќна само ако сум заљубена, но тоа нема врска со вистината. Ќерка ми Хана толку ме исполнува што ништо не може да ме исфрли од баланс. Мажите во моментов не ме интересираат", изјавила пејачката.

 

05.05.2014 - 14:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега