Познатата пејачка претепала танчерка па си заработи тужба

 

Пејачката Бритни Спирс на снимање на спотот „Work Bitch“ удрила, ненамерно, танчерката. Но таа одлучи да ја тужи Бритни за непозната милионска сума.

- Свесна сум дека Бритни Спирс не ме повреди намерно, но можеше да биде покоректна и да ми ги плати трошоците за лекување, изјави танчерката Даун Ноел (30).

Оваа танчерка се пожали дека пејачката  за време на снимањето на спотот „Work Bitch“ во жарот на танцот ја погодила со тупаница во глава и и го скршила носот. Даун ќе ја тужи Бритни Спирс  (32) за непозната милионска сума затоа што музичарката ја „сместила“ во болница на една недела.

- Бев со отоци од нејзиниот удар и плачев во болки, а таа разгалена и вообразена дива не се удостои ни да ме побара и да ме праша дали сум добро, рече Даун.

Бритни со тоа многу ја разочарала, а кога слушнала дека пејачката не планира да ги плати лекарските трошоци, одлучи да ја тужи.

- Таа е скржава милијардерка, која не се грижи за луѓето. Паднав откако ме удри со раката, а таа на нејзиниот тим ладнокрвно им рече да ме изнесат и да продолжат со снимањето на спотот, ја опиша ситуацијата Даун.

Добитничката на Греми се уште не ја коментираше тужбата ниту инцидентот.

05.05.2014 - 15:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега