На патување со родителите пијана имала секс во авион
Пијана Британка била фатена во компромитирачка и недозволена ситуација во авион на Virgin Atlantic поради што по излегувањето од авионот била испрашувана од полицијата во САД. Според изјавите оваа девојка за време на летот до САД се сокрила во тоалетот за да има секс со случајно сретнат маж во авионот, открива Daily Mail.
Стјуардeсите и останатите членови на екипажот морале да интервенираат откако 20-годишната девојка, која летала со родителите, исчезнала во тоалетот со мажот кој седел покрај неа.
- Нешто се случуваше помеѓу нив. Отидоа во тоалетот и по кратко време патниците можеле да слушнат гласни тонови. Потоа екипажот ги открил младите во тоалетот и ја отворил вратата, по што девојката започнала да се расправа со стујардесите, раскажал еден од патниците.
Како тоа да не им било доволно понижување, девојката морала остатокот од летот до Лас Вегас да го помине врзана со лисици за седиштето. По сослушувањето во полиција била пуштена со предупредување. Одморот сепак ќе го помине со своите родители во туристичкиот рај за коцкари, Лас Вегас.
Ова е втор инцидент со жена на авионот на Virgin за недела дена. Претходниот беше откако Австралијанка беше уапсена бидејќи ја згрешила вратата на кабината со онаа на тоалетот, додека летала од Бризбен кон Бали. Екипажот помислил дека станува збор за обид за киднапирање
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа