Teмпературите ќе растат - ѕирнете што ќе се случува со времето

 

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и потопло. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од два до 10, а дневната од 17 до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и потопло со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 22 степена.

Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно, суво и потопло време, освен в четврток и за време на викендот кога ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Температурата ќе биде во постојан пораст. 

07.05.2014 - 08:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега