Два машки трупа пронајдени во Скопје

Два машки трупа вечерва се пронајдени во Скопје. Како што информира полицијата, тело на се уште непознат маж вечерва нешто пред 19 часот еп ронајдено во паркот спроти општината Кисела Вода. Претходно, како што веќе објави Press24 тело на маж беше пронајдено пред телевизијата Канал 5.
Се уште нема информации во какви околности настапила смртта. Најверојатно, случаите не се поврзани. Телата се предадени на обдукција која треба да ги утврди причините за смртта како и идентитетот на починатите. 

најчитано сега