Македонските планинари ќе го искачат Титов врв

 

Планинарскиот клуб „Љуботен“ денеска и утре го организира 32-рото искачување на највисокиот врв на Шар Планина „Титов Врв 2013“.

Планинарските друштва денеска ќе пристигнат на Попова Шапка, а утре наутро колона планинари ќе се упатат кон Титов Врв, висок 2.747 метри. Пешачењето трае околу четири и пол часа.  

 

- Планинарската манифестација на едно место ги обединува планинарите и планинарските друштва од Македонија и од цела Европа кои имаат ист освојувачки поход - заедно да се искачат на Титов Врв, соопшти организаторот.

 

 

најчитано сега