Седењето е штетно по здравјето- еве зошто

 

Седечкиот начин на живот три пати го зголемува ризикот од дијабетис и е поврзан со ризици за болести на срцето. Неактивноста е еден од најголемите убијци на возрасните луѓе, тврди Светската здравствена организација.

Тим Алардист, остеопат и физиотерапевт од Велика Британија објаснува дека на телото му е потребно постојано движење.

- Нашиот рбетен столб е дизајниран за движење. Колената, колковите, зглобовите, стапалата исто така се подвижни зглобови. Ако седите по четири часа на столица, пет дена во неделата, а рбетот не се движи, колената и колковите се свиткани, а вашето тело станува вкочането. Мускулите слабеат и телото почнува да се буни – вели тој.

Жените кои носат високи потпетици и тесни здолништа на работа, се во посебна опасност. Таквите чевли прават карлицата да се навалува нанапред додека стоиме и одиме, што ги ослабува грбните мускули, додека тесните здолништа ги ограничуваат движењата на зглобовите.

Како да се заштитите од овие опасности? 
Едноставен начин е никогаш да не седите подолго од 30 минути без пауза. И позата во која седите е исто така важна. 
Држете го грбот исправено, а рамената опуштете ги и зафрлете ги наназад. Задникот треба да се наоѓа точно до наслонот на столот и избегнувајте да ги прекрстувате нозете.

Ако веќе имате болки во грбот, рамената и колената, важно е да сте што повеќе активни, за да ја вратите раздвиженоста на зглобовите.

12.05.2014 - 15:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега