Ослабела цели 60 килограми од инает
И тоа се случува. Кира Свитман од американската сојузна држава Флорида ослабела цели 60 килограми и тоа не поради ништо друго туку од инает. Со намалувањето на килограмите таа ја оствари нејзината необична желба, да се вработи во ресторан на „Хутерс“.
Имено, оваа невообичаена приказа за слабеењето започнала кога Кира била изложена на навреди од страна на еден пијан маж, кој и рекол дека „со такво тело не би смеела да носи мајца на Хутерс“, ресторани познат по убавите келнерки.
Тоа ја поттикнало Кира од корен да го промени нејзиниот живот.
- Најважно е да се има правилен став и јасни цели. Мојата цел беше да имам тело како келнерка од „Хутерс“, вели Кира, која не му е лута на мажот кој ја навредил, сметајќи дека тој само бил „искрен“.
- Бев млада жена, а не изгледав така. Не се чуствував привлечно, ниту добро поради мојот изглед, изјави Кира, која моментно работи во еден од рестораните на синџирот „Хутерс“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа