Расветлен обидот за убиство во Крива Паланка - еве ги деталите
СВР Куманово го разветли обидот за убиство кој се случи на 4 февруари годинава во Крива Паланка. Поднесена е кривична пријава против 36-годишниот О.М. од Куманово и 34-годишната М.Ѓ. поради обид за убиство и помагање.
Според податоците од полицијата, О.М. во февруари годинава откако претходно го зел пиштолот од М.Ѓ., која го поседувала неовластено без потребната документација, се маскирал со фантомка на глава и со умисла се обидел да ги лиши од живот оштетените сопружници испукувајќи по еден куршум кон двајцата, нанесувајќи им тешки телесни повреди, по што го напуштил мстото на настанот.
Од страна на истражен судија на пријавените им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена и истите се спроведени до Затвор Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа