Кривична за вработен во „Македонски Шуми"

 

ПС Кавадарци поднесе кривична пријава против 58-годишниот С.И. од Кавадарци, вработен во ЈП „Македонски Шуми“ подружница „Бор“ за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во текот на 2013 година, пријавениот во својство на службено лице-раководител на ШС „Бор“-Кавадарци ја искористил својата службена положба на тој начин што не се придржувал кон интерните прописи за одобрување на рабат за авансни уплати на техничко дрво на залиха, во 15 наврати дозволил на фирма од Скопје да купи дрвни сортименти со рабат од 12%, за што изготвил и потпишал фактури и одобренија иако во тој момент фирмата немала извршено авансно плаќање. На тој начин на ЈП „Македонски Шуми“ подружница „Бор“-Кавадарци и нанел материјална штета во износ од 278.934 денари. 

13.05.2014 - 13:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега