Водителката на Икс Фактор открива: Навлечена сум на шипка
Водителката на првото регионално шоу Икс Фактор Уна Сениќ открива дека веќе година дена е посветена на фитнес кој се вежба на шипка.
- Со овој вид на фитнес се занимавам година дена и тоа е една од ретките активности која ме привлече. Кај тој танц ме освои фактот што најмногу влијае на внатрешната сила и женственост, која полека испливува и се отсликува на телото благодарение на комбинацијата на вежби од пилатес, јога и балет со акробации на шипка изјавила Уна.
И додава дека овој танц толку многу ја освоил што не би знаела што да прави ако не продолжи да вежба.
- „Толку сум навлечена на шипката и енергијата која се врти околу неа, што сум сигурна дека со ништо друго нема да се занимавам. рекла водителката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа