Почина уште едно момче - никој не ја преживеа сообрќајката пред Битола

 

Осумнаесетгодишно момче од крушевското село Алданци е седмата жртва на сообраќајната несреќа што се случи на 4-ти мај на регионалниот пат Битола-Прилеп меѓу два автомобили 'фиат тофас' и 'фолксваген голф'.

Како што дознава телевизија Тера, станува збор за момчето Мухамед Али Ј. Во петокот почина 21-годишниот Х.А., исто така од Алданци, кој беше повреден во сообраќајната несреќа во која на лице место загинаа пет лица.

Двајца од загинатите се од Прилеп, еден од Битола и останатите од Алданци. За жал, ниту еден од учесниците во сообраќајката, не ја преживеа несреќата.

14.05.2014 - 10:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега