Истражување: Скопје е втор најевтин град во Европа

 

Според листата која е базирана на истражувањето Cost of Living Index на Numbeo за 2014. Македонската престолнина Скопје е на второто место на листата на најефтините градови во Европа.

Ова е листата на десетте најефтини големи градови во Европа :

10 . Варшава, Полска – Храната е многу евтина, како и цигарите и алкохолот. Кутија цигари е 4,50 долари, што за западните стандарди е ужасно ниско. Изнајмувањето на стан во центарот чини во просек 488 долари. Тоа е универзитетски град со околу 270 000 студенти. Градот има многу историски и културни знаменитости. Невработеноста е висока – 13,3 %, што значи дека околу 2 милиони Полјаци немаат работа.

9 . Прага, Чешка – Прага е историската престолнина на Бохемија. Тука има 10 големи музеи, различни театри, галерии, кина и историски знаменитости, кои може да ги видите. Еднособен стан чини во просек 617 долари, а во предградијата цените паѓаат до 440 долари. Ручекот во ресторан чини околу 5 долари, локалното пиво е 75 центи.

8 . Сараево, Босна и Херцеговина Ниската цената на имотите се многу атрактивни – просечната цена на еднособен стан е 320 долари месечно во центарот и 185 долари во далечните населби. Градот е туристичка дестинација. Невработеноста е 15%.

7 . Букурешт, Романија Букурешт е главен град на Романија од 1862 година. Тоа е 6 – иот најголем град во Европа по население, и отстапува само на Париз, Лондон, Берлин, Мадрид и Рим. Во центарот на градот еднособен стан чини 440 долари месечно. Во ресторан средна класа вечера чини 6 долари. Карта за градскиот транспорт за месец чини 15 долари. Невработеноста е релативно ниска – 7,3%. Просечната плата на луѓето е 400 долари.

6 . Тирана, Албанија Просечното изнајмување во централните делови е 380 долари за стан со една спална. Месечната карта за градски превоз чини само 14 долари. Ручек во ресторан чини околу 7 долари. Тирана е од малите метрополи – населението има едвај 421 286 лица. Таа е опкружена со ридови и планини на исток, и нејзините граѓани можат да уживаат во убавата природа. Во градот има четири вештачки езера.

5 . Минск, Белорусија Во Белоруската престолнина живеат над 2 милиони луѓе. Киријата за еднособен стан во центарот е 380 долари. Кутија цигари чини 2.71 долари. Во градот има многу музеи, кина и библиотеки. Единствениот минус е дека времето е доста студено. Во летото е 18 степени, а Целзиусови, а просечната температура за јануари е -4.5 степени.

4 . Софија, Бугарија Киријата на еднособен стан во центарот на градот е 380 долари, наведуваат од Numbeo. Во градот живеат 1 241 369 лица. Околу Софија има планини за прекрасни излети за време на викендот. Шише вино чини 5 долари, а едно пиво чини еден долар. Просечната плата е 603 долари месечно.

3 . Киев, Украина Во моментов Киев не е добро место за релокација. Не е изненадување дека украинската престолнина е на третото место во рангирањето. Изнајмување на еднособен стан е 330 долари. Платите се ниски – во просек 478 долари месечно, но и цените не се високи.

2 . Скопје, Македонија Ручек / вечера во ресторан чинат во просек 4,50 долари. Изнајмување на еднособен стан излегува околу 325 долари месечно во центарот на градот, според Numbeo.

1 . Кишињев, Молдавија Главниот град на Молдавија е најевтиниот град во Европа. Киријата на еднособен стан во центарот чини 265 долари месечно, а во другите населби дури 165 долари. Вечера за двајца во ресторан чини 22 долари. Населението брои 800 600 лица. Тука има многу студенти и 33 универзитети! За учење тука, ќе ве чини околу 81 % помалку отколку ако учите во Париз

 

 

14.05.2014 - 11:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега