Кончита била во врска со познат српски пејач
Познатиот српски пејач Данијел Ѓуриќ вели дека веќе долго време е пријател со Кончита Вурст, уште од времето кога таа била Томас. Во тоа време Кончита се дружела со некои Срби, кои во Виена ги има многу, па посетувала српски клубови и се палела на народна музика. На тие настани Кончита се зближила со некој српски пејач кој често гостува во Австрија
"Немојте да ме терате да му го споменувам името, бидејќи денеска е среќно женет. Таа доаѓаше на сите негови настапи и преку менаџерот успеа да се запознае со него. Од тогаш ги гледавме заедно секој пат кога тој доаѓаше во виена, и заедно си заминуваа по неговиот настап" – вели Ѓуриќ и напомнува дека Кончита била силно вљубена во пејачот, но сепак на крајот тие раскинале.
"Нему не му паѓаше на памет да ја остави кариерата поради неа, а притоа во Србија веќе имаше девојка, која сега му е сопруга. Исто така беше свесен дека медиумите во Србија би го линчувале. Знам дека од неа бараше да ги избрише сите заеднички фотографии" – заклучи Ѓуриќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа