ВИДЕО: Неверојатно- оваа жена влече автомобил со својата коса

 

Анастасија од Полска веројатно е единствена личност во светот која се занимава со кинески вештини за висење на коса.

20-годишната девојка, чие вистинско име е Џоана Савичка, заработува за живот правејќи неверојатни перформанси со својата коса. Не само што може да виси од таванот, туку и влезе во Гинисовата книга на рекорди, влечејќи автомобил од два и пол тони со нејзината коса.

За да ја одржи својата коса силна и здрава, таа дневно троши и по две шишиња регенератор. Во случај да се случи нешто со нејзините кадрици, таа е обезбедена. Всушност нејзината коса е осигурана на еден милион фунти.

Оваа млада Пољакиња од родната земја дошла во Британија за да студира Биохемија, но идејата за “тренирање на косата” и се родила во моментот кога одлучила да се откаже од студиите и да му се придружи на циркузот. Таа одлучила да се приклучи во циркусот, откако се запознала со еден од циркусантите - Ханибал Хелмурто кој потоа станал нејзино момче, а подоцна и сопруг.

Погледнете го ова вистинско чудо...


14.05.2014 - 12:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега