Директорка на тетовска градника оговара за 5 милиони денари

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.А(37) од с.Глоѓи, тетовско, поранешна директорка на детската градинка ОЈУДГ „Младост“-Тетово, постоење основи на сомнение дека пријавената сторила кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавената, од јануари до март 2013 година преку сметководствената служба на градинката исплатила досепани фактури на повеќе фирми за наводно извршени различни работи-набавка на артикли,  набавка на играчки, заштитна опрема, одржување веб-страница, вршење поправка и санација на градинката и сл. Исто така, пријавената спротивно на Законот за јавни набавки од фирма од Тетово набавила поголема количина на нафта и во име на градинката склучила договори со оператор за четири претплатнички броеви кои ги користеле членовите на нејзиното семејство. На овој начин, пријавената ја оштетила детската градинка за износ од 4.921.702 денари.

14.05.2014 - 12:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега