Вранишковски не бил доведен во суд од „технички причини“

 

Дефект на возилата било причината поради која Јован Вранишковски, расчинетиот владика на МПЦ не бил спроведен на денешното судење. Директорот на затворот во Идризово Живко Пејковски за Press24 вели дека двете возила за спровод им биле во дефект а со третото се носел осуденик на медицинска интервенција во една од болниците.

„Споменатото лице не е спроведено на судење од технички причини. Немавме возило.“ - вели Пејковски за Press24.

Тој информира дека за ваквата сотојба во текот на денот ќе го известат и Судот кој им испратил уредна документација за спроведување на осуденикот. 

Ново рочиште е закажано за 18 јули, за случајот во кој Вранишковски е обвинет за проневера на 250.000 евра црковни пари и обид за нивно перење преку купување на имот и земјиште во Скопје и во Штип на име на ПОА и нејзините припадници.

Ослободување на Зоран Вранишковски е еден од главните услови на Српската православна црква за продолжување на преговрите со МПЦ-ОА.

14.05.2014 - 12:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега