Викторија Бекам одби да го дизајнира невестинскиот фустан на Ким Кардашијан
Според магазинот „Стар“, дизајнерката Викторија Бекам одбива да ја облече една од своите креации најпознатата старлета во светот Ким Кардашијан за нејзината венчавка со Канје Вест.
Кардашијан ќе има три венчавки што значи дека треба да има и три фустани...
Според таблоидот, американската старлета е одбиена затоа што Викторија смета дека тоа би можело да го „девалвира нејзиниот бренд“. Иако Ким сакаше токму Викторија да го дизајнира нејзиниот невестински фустан, тоа нема да се случи, бидејќи наводно британската модна икона не сака да креира облека за риалити ѕвезди, а официјалниот одговор на нејзиниот тим бил дека госпоѓа Бекам е презафатена.
Па, што мислите, дали има вистина во овие зборови, земајќи во предвид дека невестинскиот фустан што ќе го носи старлетата дефинитивно ќе стане еден од најпознатите фустани, па навистина би било чудно некој да се откаже од таков маркетинг?
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа