Трагедија во Велес - изгоре 56 годишна жена

 

Вистинска трагедија се случи денеска во Велес. 56 годишна жена изгоре во пожар. Како што дознава Press24 од полициски извори, пред нешто повеќе од 2 часа избил пожар во куќата на Џафер А. (60) од Велес на улицата Богдан Каракостев. Во пожарот изгорла невенчаната сопруга на Џафер, Џева О. (56). На терен веднаш излегла велешката противпожарна бригада. Околу 30 минути им биле потребни за да го изгаснат огонт, но за Џева било доцна. Нејзиното тело било пронајдено во пеплосаните остатоци од куќата. Веднаш на терен излегла и полицијата. Извидот е извршен но се уште се вештачи, од кои причини избувнал пожарот и како се случило жената да остане во запалената куќа

14.05.2014 - 16:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега