Ова е доказ дека се уште постојат џентлмени - момчето ја остави среде ресторан, тој и плати вечера

 

Убавиот актер Џерар Батлер е доказ дека се уште постојат вистински џентлмени. Тој приреди вистинско мало шоу за гостите во еден ресторан во Сиднеј, каде го снима неговиот нов филм, 150 милиони долари вреден блокбастер „Good of Eqypt“, пишува Индекс.

Имено, актерот вечерал во истиот ресторан како и непознатата двојка, кои таа вечер ја славеле првата годишнина. Но, во средината на вечерата, двојката се скарала, а мажот многу брзо стана од масата и си заминал.

- Ја остави така сама, во средината на ресторанот, пред сите, откри непознат извор.

Но, во тој момент допол Џерар, како принц на белиот коњ, и и се понудил на девојката да и ја плати вечерата.

- Вечераа заедно и изгледаа како добро да се забавуваат. Кој знае, ако момчето наскоро не се извини, можеби госпоѓицата ќе си најде нов, открија очевидците.

14.05.2014 - 23:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега