Скопјанец заработувал 9.000 евра месечно а примал социјална помош

Ем социјалец , ем со месечен приход  над 9000 евра. Скопјанец со години користел социјална помош, а издавал негови објекти под наем. Заработувал за луксузен живот, а се пријавувал како социјален случај, објавуаЗдравство24. Бил откриен при последната обнова на документите

-Станува збор за граѓанин кој издавал објекти под наем и по однос на други основи успевал месечно да се стекнува со приход  од над 9000 евра. Тоа веројатно била состојба која најверојатно дека не очекувал дека ќе ја констатираме преку УЈП и преку агенцијата за Катастар со која електронски добиваме податоци за располагање на имот на целата цериторија на Македонија, вели Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика за Здравство24

Скопјанецот од Чаир не е единствениот кој ја злоупотребувал социјалната помош, но според месечните приходи од  издавање на имот драстично се разликува од останатите  кои од кирија заработувале од 1200 до 1800-тини евра месечно, а од државата чекале помош од 2500 денари, пари што на некои семејства многу им значат. Злоупотреби се откриени и кај земјоделците. Месечно заработувале и по 3.000 евра, а се пријавувале како социјално загрозени. Само оваа година со новиот софтвер биле откриени стотици вакви случаи. Сите лажни социјалци  ќе мора да ги вратат парите.

-Ние во тој дел ќе продолжиме со нашите контроли, прилично се големи заштедите во буџетот кои се реализирани од овие контроли, тоа од друга страна ни овозможува и зголемена исплата на социјалната помош, посебно на оние на кои навистина и е потребна социјалната помош, додаде министерот Ристовски.

Во Македонија околу 40.000 семејства користат социјална помош која се движи од 2.350 до 5.700 денари во зависност од бројот на членовитево семејството.