Тешка сообраќајка: Повреден шефот на македонското разузнавање

 

Тешка сообраќајна несреќа вечерва преживеал Директорот на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чуле, јавува Либертас повикувајќи се на неофицијални извори во Агенцијата.
Според порталот, во службениот автомобил на Чулев кој се враќал од службен пат од Бугарија  удрило БМВ со бугарски регистерски таблички. За среќа Чулев поминал со помали повреди на градниот кош, а неговиот возач има скршена нога. Во автомобилот бил и раководителот на одделот за аналитика кој имал помали повреди на главата.

Од МВР за Либертас не ја потврдиле информацијата, бидејќи како што им одговорила полицијата,  секторот за односи со јавноста на полицијата не добива информации за сообраќајки во кои нема човечки жртви.

15.05.2014 - 21:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега