Баскерфест 2014 низ цела Македонија
Деветтото издание на уличниот театар, под отворено небо, „Баскерфест 2014“ ќе се одржи на ниво на цела Македонија, односно во 21 општина низ целата република.
Официјалниот старт на фестивалот е на 27-ми мај на градскиот плоштад во Скопје, а авантурата започнува во Гевгелија на 29-ми мај.
Скопје ќе биде домаќин од 06. јуни до 15. јуни, а целата турнеа ќе трае до 30. јуни со затворање во Охрид, Дојран и Битола. Покрај овие градови, Македонците ќе уживаат во уличните престави и во Кочани ( 30-31 мај), Велес (6-7 јуни), Свети Николе ( 7 јуни), Облешево/ Чешиново( 10 јуни), Кавадарци ( 13, 14 јуни), Радовиш (14 јуни), Неготино ( 18 јуни), Виница (19-20 јуни), Берово, Македонска Каменица, Прилеп ( 20-21 јуни), Крива Паланка, Пехчево, Тетово ( 21 јуни), Крушево ( 22 јуни), Дојран ( 27-30 јуни), Ресен ( 28 јуни), Охрид( 28-29 јуни), Делчево ( 29 јуни), а крајот е резервиран за Битола (29-30 јуни).
Новитет оваа година се ноќните официјални афтер парти забави на фестивалот кои ќе се одржуваат низ најголемите клубови во државата, а на кои учество ќе земат и дел од баскер изведувачи како и познати диџеи од Македонија и странство.
Овој пат Македонија ќе биде домаќин на повеќе од 150 артисти, музичари и театри од целиот свет, од далечната Јапонија до Канада преку Нигерија па се до Нов Зеланд.
За повеќе информации посетете го официјалниот веб сајт- http://www.buskerfestmakedonija.com
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа