ФОТО: Топлес-фотографијата на Ирина Шајек која што ги збесна социјалните мрежи

 

Руската убавица Ирина Шајк се придружи на онлајн кампањата во која се подигнува свеста за барање на враќањето на киднапираните девојчиња во Нигерија.

Многу ѕвезди на своите профили од социјалните мрежи веќе објавија фотки на кои позираат со парче хартија во рака на кое е испишан хаштагот #bringbackourgirls, секој на различен начин. Од исламистичката организација Боко Харам се бара да ги вратат сите киднапирани девојчиња.

И познатата руска убавица одлучи да се придружи на кампањата, па за таа пригода позираше во топлес издание, со веќе споменатата порака во рака, со која ги покриваше голите гради.

Но, овој нејзин потфат наиде на негодување и револт на Твитер и Инстаграм, чии корисници сметаат дека 28-годишната манекенка претера и ја опсипаа со бесни критики. „Невкусна си и немаш почит“, напиша една корисничка на Твитер.

„Им даваш моќ на екстремистите кои ги оправдуваат своите дела користејќи примери со сексуална експлоатација на жените на Запад“, коментираше корисничка на Инстаграм.

„Дали би стоела гола од сожалување кон жртвите на терористичкиот напад од 11 септември? Или за жртвите на цунамито. Ова е невкусен однос кон 200 киднапирани девојчиња“, беше уште еден од коментарите на Твитер. Останатите корисници ја нарекуваа неписмена, одвратна и незрела.

17.05.2014 - 12:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега