Уапсен синот на нарко-босот Кељменди
Синот на нарко босот Насер Кељменди, 30-годишниот Лиридон е уапсен на граничниот премин Кула на влез во Црна Гора.
Инаку, Лиридон беше баран со национална потерница.
Вториот син на Кељменди, Елвис, пред десетина дена во Приштина е осуден на четири години затвор поради обид за убиство.
Стејт департментот минатата година Насер Кељменди го назначи за најголем нарко бос на Балканот и во Европа.