Трагедија: Прилепчанец умре на планинарски марш

 

Трагедија на меморијалниот планинарски марш кој го организираше Прилепското еколошко планинарско спортско друштво „Картуш“. По само еден до два километри пешачење од стартот кај Плетвар, починал 48 годишен планинар од Прилеп.

- Одеднаш на планинарот му се слоши и падна. Притрча лекарот кој е со нас, а имаме и доброволци од Црвениот крст. Но, сѐ беше залудно. На импровизирани носила од гранки го донесовме на превојот Плетвар и повикавме екипа од Итната помош да го преземат, истакнал претседателот на друштвото Ице Димески, пренесува МИА.

Според началникот на службата за Итна помош, Гоце Јонзоски, станува збор за прилепчанецот Г.П., роден 1966 година.

- Човекот претрпел инфаркт и починал веднаш. Лекарите ја констатираа смртта на планинарот - рече Јонзоски.

Планинарскиот меморијален марш насловен „Петар Андоновски-Музичарот“ во должина од 20 километри е традиционален. Се одржува деветти пат во организација на еколошко-планинарското спортско друштво „Картуш“.

Годинава учествуваат 550 планинари од пелагонискиот регион, а маршрутата е од превојот Плетвар, преку Селечка планина до манастирот „Свети Димитрија“ кај прилепското село Селце.

18.05.2014 - 15:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега