Страотна сообраќајка во Прилеп - прилепчанка итно пренесена во болница
Во Прилеп синоќа се случила страотна сообраќајка во 21 часот и 30 минути во која учествувале таксист и 40 годишна жена, јави битолската телевизија Орбис.
Причина за несреќата било што таксистот вртел полукружно, а жената со моторциклот возела во таа насока и удрила директно во него, при што се здобила со скршеница на левата нога.
На лице место увид изврши екипа на СВР Прилеп.
19.05.2014 - 11:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа