ТТК Банка со намалени каматни стапки за кредити за физички лица

Следејќи ги потребите и желбите на корисниците, ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на кредитите за физички лица и понуди исклучително атрактивни услови за поволно кредитирање.

Корисниците, приматели на плата/пензија во ТТК Банка имаат можност да аплицираат за СУПЕР станбениот кредит на ТТК Банка, со атрактивна ФИКСНА каматна стапка од 4,9% во првите три години, односно 6,3% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период со само 10% сопствено учество, без трошок за аплицирање, без трошок за проценка за првата годинаи грејс период до 12 месеци.

Физичките лица, кои работат во државни институции, акционерски друштва и ја примаат платата во ТТК Банка, како и пензионерите кои ја примаат пензијата преку ТТК Банка, имаат можност да аплицираат за ПРЕМИУМ СМАРТ ненаменскиот потрошувачки денарски кредит со ФИКСНА каматна стапка од 6,3% во првата година, односно 8,3% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период, за износи до 600.000 денари без жиранти, во зависност од месечните примања.

Дополнително, корисниците со повисоки месечни примања, кои примаат плата во ТТК Банка  имаат можност да аплицираат за ВИП ненаменскиот потрошувачки денарски кредит со прилагодлива годишна каматна стапка од 7,9% годишно.

Сите овие кредитни производи, како и потрошувачките кредити наменети за корисниците кои не примаат плата/пензија во Банката, во промотивен период до 30.06.2014 година, ТТК Банка ги нуди БЕЗ ПРОВИЗИЈА ЗА ОДОБРУВАЊЕ. 

 

Со секој новоодобрен кредит, ТТК Банка нуди можност за аплицирање за VISA Classiс кредитна картичка без членарина за првата година.

19.05.2014 - 11:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега