Четирикратен успех за Sony на TIPA наградите за 2014

Престижните ТИПА награди ја препознаа иновативноста на Sony во полето на дигиталната фотографија.

 

НАЈДОБАР КОМПАКТЕН ФОТОАПАРАТ: Sony a7R

Sony a7R е најмалиот и најлесен компактен фотоапарат за целосна слика, Exmor® CMOSсензор со 36,4 мегапиксели без нископропусен филтер и моќен BIONZ X процесор од Sony. Начинот на управување и пристапот до контролните функции, како и параметрите за фотографирање ќе им бидат познати и добредојдени на фотографите, додека од останатите карактеристики овој модел вклучува Auto HDR, цврсто куќиште од магнезиум, бројни Ефекти за слики, рачно подесување на фокусот, 1080p видео со 60 и 24 слики во секунда (50p/25p) кои се менуваат помеѓу NTSC и PAL како и ISO спектар од 100 до 25.600. Овој модел нуди режим за континуирано фотографирање од 4 слики во секунда. Освен тоа, промоцијата на a7R беше проследена со пет нови и наменски објективи со FE приклучок. Корисниците ќе можат да користат објективи со E-приклучок, кои автоматски овозможуваат APS-C режим за отсекување, како и објективи со A-приклучок преку адаптер. Фотоапаратот има вграден Wi-Fi® со NFC за поврзување.

НАЈДОБРА ВИДЕО КАМЕРА: FDR-AX100

4K видеото нуди дури 4 пати повеќе резолуција од HD, а Sony AX100 е еден од првите модели којшто овозможува снимање во оваа резолуција со камера која има ‘стандарден дизајн’. Уредот содржи 1-инчен Exmor R® сензор кој овозможува фотографирање со 14 MP и 20 MP. Овој модел нуди разновидни опции за снимање, вклучувајќи и XAVC-S, AVCHD и MP4. Единицата користи Carl Zeiss Vario-Sonnar T* објективи со 12X оптички зум. BIONZ X процесорот овозможува снимање со 120 кадри во секунда, додека Optical SteadyShot нуди стабилизација на слика со Активен режим. Снимањето може да се види преку EVF или 921K LCD екран. Поврзувањето со паметните телефони се врши преку WiFi и NFC, вклучувајќи ја и можноста за далечинско управување преку мобилен уред.

 

 

НАЈДОБРА АКЦИОНА КАМЕРА: HDR-AS100V

Перспективата за снимање од прво лице со 'акционите камерие многу актуелна во моментов, и AS100V од Sony нуди широк избор на WiFi и други можности за поврзување, вграден GPS, фотографирање (13.5 MP) и снимање видео (XAVC-S 60p/50p) со можности за менување помеѓу NTSC и PAL.Минијатурниот (околу 1 x 2 x 3 инчи) уред има напреден систем за стабилизација на слика и вграден стерео микрофон, плус ултра широки (170 степени) Carl Zeiss Vario Tessar објективисе спакувано во едно водотпорно куќиште. Сите функции може да се контролираат преку паметен телефон, а уредот доаѓа со водотпорна заштитна кутија, леплив  адаптер и адаптер за трокрак сталак, со најразлични можности за поставување. Овој модел овозможува фотографирање во интервали од 5 до 60 секунди по кадар, а AS100V исто така подржува снимање со звук со поголема брзина односно, 120 слики во секунда во 24p, и 240 слики во секунда во 24p.  PlayMemories Home од Sony нуди широк избор на карактеристики кои ќе ви овозможат да направите импресивна и уникатна снимка која со гордост ќе ја споделите, вклучувајќи исто така и GPS податоци кои се сочувани во камерата за да ја прикажат вашата рута и брзинометар на екранот.

 

НАЈДОБАР МОБИЛЕН УРЕД ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ: QX series

Наместо да се потпрете на Вашиот паметен телефон за да направите слики и видеа додека сте во движење, DSC-QX100 (20 мегапиксели, Carl Zeiss Sonnar T* објективи) и DSC QX-10 (18.2 мегапиксели, Sony G објективи, 10x оптички зум) се камери во форма на објективи кои го користат паметниот телефон како преносник на високо квалитетните фотографии и видеа кои ќе ги снимите. Употребувајќи ја PlayMemories мобилната апликација од Sony, уредите се поврзуваат директно на било кој iOS или андроид паметен телефон преку WiFi или NFC и го претвораат екранот на телефонот во визир со управувачко копче за контрола на камерата, видео активација и подесување на најразлични опции. Може да се приклучат на телефонот преку адаптер или независно за фотографирање или снимање од било каков агол. Сликите можат да се снимат како на паметниот телефон така и на камерата а потоа веднаш да се споделат на социјалните медиуми.

Повеќе информации за сите модели може да се видат на интернет страниците на Sony.

 

TIPA (Technical Image Press Association) е светска организација, која ја претставуваат фотографски магазини од целиот свет. 
Членството на TIPA го сочинуваат 28 водечки магазини за фотографија од 15 земји и 5 континенти, а исто така имаат и партнерство за соработка со CJPC (Camera Journal Press Club), кое претставува 11 врвни фотографски магазини во Јапонија.

 

TIPA наградите се познати како највлијателните награди за производи за фотографирање на пазарите ширум светот. Сите производи и нивните рекламни медиуми кои ја носат ТИПА ознаката означува дека овие производи ги поминале оцените на техничкиот комитет и уредниците на фото магазините на ТИПА. Овие награди. Препораката која ја носат TIPA наградите се највиското признание за било кој уред или производ за фотографирање. 

19.05.2014 - 11:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега