Следната недела продолжуваат преговорите Белград-Приштина

 

Потпретседателот на српската Влада Расим Љаиќ изјави денеска дека на 30 и 31 мај ќе продолжат преговорите меѓу Белград и Приштина за телекомуникациите.

- Ќе се обидеме во тие два дена од преговорите да ги усогласиме ставовите и да дојдеме до конечниот текст на спогодбата, изјави Љаиќ пред новинарите.

 

Тој потсети на ставот на државата од Меѓународната унија за телекомуникации да може да побара уште еден нов повикувачки број кој би се водел на Србија, а кој може привремено да се отстапи на Косово, до решавање на статусот.

 

- За возврат ние бараме лиценци за мобилна и фиксна телефонија на територијата на цело Косово, додате тој.

Љаиќ оцени дека тоа е корисен предлог за двете страни, посебно од економско гледиште и изрази очекување дека предлогот ќе биде прифатен.

најчитано сега