Конечно добри вести- мирна ноќ во поплавените региони во Србија

 

Нивото на Сава е во опаѓање, во Шабац ноќта помина мирно, а во Обреновац продолжи евакуацијата. 

-Сторено се што е потребно за зајакнување на најкритичните локации во селото Дреновац  соопштуваат од Српскиот Кризен штаб.

Заменик-началникот Бобан Бирманчевиќ, по седницата на Кризниот штаб, истакна дека ситуацијата е се уште тешка и оти со продолжувањето на работите се до полноќ, можеби би можело да се каже дека главната опасност поминала.

Во Шабац од вчера во сила е забраната за работа на угостителските објекти, со цел луѓето во поголем број да се отповикуваат на утврдувањето на насипот на Сава. Голем број млади лица работеа во текот на ноќта на полнење на вреќи со песок заради утврдување на насипите. 

Во Обреновац во текот на ноќта продолжи евакуацијата, која почна во понеделникот, поради опасноста од излевање на Сава, кај Забрежје. До полноќ се евакуирани околу илјада лица, а потоа за три часа уште меѓу 200 и 300 лица. Новата фаза на евакуација почна во пет изутринава, со пристигнување на возила, кои во моментов го евакуираат населението од населбата Стублине. 

Во Обреновац се уште има луѓе, кои одбиваат да се евакуираат и покрај апелите на надлежните, а моментално се работи на зајакнување на наспиот околу термоцентралата ТЕНТ А и Б. 

 

Министерот за труд, вработување, боречки и социјални прашања Александар Вулин апелираше во текот на ноќта до граѓаните на Обреновац да се евакуираат од градот. 

20.05.2014 - 09:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега