"Се молев на Бога да ми ги спаси децата" - потресна приказна од Србија
Поплавите кои направија вистински хаос во Србија и однесоа голем број човечки животи, засекогаш ќе останат голема лузна на срцата на лицата кои го преживејаа овој хорор. Една од нив е и Милена Миленковиќ од Обреновац која е една од 500 лица кои се сместени во белградската сала Пионир. Таа за српскиот Ало ја раскажува својата потресна приказна.
- Водата ни беше до рамена. Мислев дека ќе се удавиме, дека нема да издржиме. Се молев на Бога само децата да ми преживеат, вели мајката.
Трагедијата и катастрофата која го зави Балканот во црно, погоди огромен број на луѓе, а дел од нив ги загубија најблиските, домовите, имотите...Милена вели дека не знае дали да се радува што е жива или да плаче за тоа, бидејќи сега со семејството дефинитивно немаат ништо. Водата им однела буквално се.
Милена е само една од големиот број граѓани кои останаа без покрив над главата. Хуманитарните акции се уште се во тек. Па, да им помогнеме на овие луѓе кои преку ноќ загубија се.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа