ВИДЕО: Новинар направи хумано дело за настраданите од поплавите додека известуваше во живо
Новинар од Бања Лука направи хумано дело по страотните поплави кои ја зафатија Босна. Се работи за Игор Пижгај кој додека известувал за катастрофата, и додека ги слушал граѓаните како бараат помош и да им се испратат храна, вода, облека...ги соблекол своите чизми и им ги дал.
-Овие чизми кои ги носите баш добро би ми дошле. Да не одам со ќесиња на нозете. Три дена сум во вода, рекол возрасниот маж кој го интервјуирал новинарот, но не ни можел да помисли како тој ќе изреагира.
Ви требаат моите чизми, прашал новинарот, а потоа седнал на пластичното столче, ги соблекол чизмите од нозете и му ги подари на неговиот сограѓанин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа