„Тато спаси ме, јас сум на покрив“- пораката која ги шокираше спасувачите

 

Сведоци сме на многу потресни приказни кои овие денови доаѓаат од регионот. 

Беше тешко тоа што два дена бевме без храна и вода, но кога на колегата Александар Марковиќ му стигна СМС „Тато спаси ме, јас сум на покрив“, се заледив, вака за Блиц ја раскажува потресната приказна припадник на тимот за спасување на вода од Секторот за вонредни ситуации.

Моментот кога вечерта меѓу петокот и саботата неговиот колега ја примил оваа порака, за пожарникарот Радован Стојичиќ бил најтежок од сите шест дена кои ги поминал во Обреновац спасувајќи луѓе од поплавените куќи.

 

-Веќе бевме на граница на издржливост. Ноќ е, луѓе викаат. Бараат помош. Пукаат со пиштоли во воздух за да дојдеме по нив. И на Александар, кој инаку е од Обреновац, му стигнува порака. Само ја затвори вратата од камионот и тргна по ќерката. Сам. Не смеев никој да пратам со него. Два часа не знаевме што е со него. Успеал да најде чамец и да ја тргне од покривот. Подоцна со хеликоптер успеавме да ја евакуираме, раскажува за драмата припадникот на тимот за спасување кој има 20 годишно искуство.

Радован и неговиот тим цели шест дена без престан спасувале луѓе од градот, а два дена дури немале ни храна, ниту вода.

 

 

20.05.2014 - 14:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега