Србите згрозени: Македонските спасувачи исфрлени од кафуле во Белград

 

Српските медиуми изразуваат згрозеност од постапката на едно кафуле во Белград кое не им дозволило на македонските спасувачи да седнат бидејќи биле валкани. Приказната за српски Телеграф ја раскажува гостинка на кафулето.
“Дојдоа во Белград за да одморат после неколку денови напорна работа во Обреновац. Сакаа да седнат на терсата на кафулето пред да се вратат во еден од хостелите кои привремено се адаптирани во прифатилиште. Не можев да верувам кога видов дека на тимот прекрасни и пожртвувани момчиња со кои разменив неколку навистина пријатни реченици сопствениците на кафулето не им дозволија да седнат“ - вели една гостинка на истото кафуле за Телеграф.

Гостинката изразила зачуденост бидејќи спасувачите биле во службените униформи и биле јасно дека се враќаат директно од најкризните места.
Таа додава дека по одлуката на сопствениците на кафулето, македонскиот спасувачки тим мирно го напуштил објектот

„Воопшто не навлегуваа во расправии. Откако безобразно беа избркани отидоа во Мекдоналдс а потоа на спиење, бидејќи утредента мораа пак во ОБреновац“ вели читателката за Теелграф.

20.05.2014 - 22:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега