Црна Гора денеска ја слави независноста
Црна Гора денеска го одбележува Деот на назависноста - 21 мај 2006 година, кога на референдум ја возобнови својата државна самостојност.
Според официјалните резултати, на референдумот гласала 86,5 отсто од вкупниот број избирачи, а црногорската независност ја поддржаа 55,5 проценти, додека за опстанок на заедничката држава со Србија се изјаснија 44,5 отсто.
Собранието на Црна Гора претходно усвои Закон за референдум, кој беше договорен со препорака на Европската унија. За успехот на референдумот потребно беше да биде поддржан од 55 проценти од излезените гласачи.
Свечениот прием по повод Денот на независноста денеска ќе биде одржан пред платото на Вила Горица во Подгорица. Домаќин на приемот ќе биде премиерот Мило Ѓукановиќ, додека претседателот на Собранието Ранко Кривокапиќ ќе положо венец во Мавзолејот на Петар Петровиќ Његош.
Претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ по повод Денот на независноста нареди да биде истрелан почесен артилериски плотун во Цетиње.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа