Цеца: Парите од концертите ќе одат за загрозените од поплавите
Српската пејачка Цеца Ражњатовиќ која веќе донираше два милиони динари за загрозените од поплавите, порача дека таа и нејзините колеги нема да ги заборават оние кои им е најпотребна помош.
- Мораме да продолжиме со хуманитарните активности, од секој мој концерт ќе се одвојуваат средства за санации и градење на полавените куќи. На секои наредни концерти ќе бидат поставени кутии за хуманитарна помош и сето тоа ќе биде исплатено на сметка на Владата на Србија на која и веќе и дадов парична помош. Имам целосна доверба во Владата на Србија, господинит Вучиќ изјави дека ниту еден цент не смее на погрешно место и апсолутно верувам во тоа., изјавила Цеца.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа