Мајката на Жељко Јоксимовиќ заробена во поплавите
Весна Јоксимовиќ, мајката на популарниот пејач и композитор Жељко Јоксимовиќ, поради поплавите во Ваљво веќе со денови не може да излезе од нивната семејна куќа.
- Нашата куќа овде во Ваљево се наоѓа на брдо, такашто не е поплавена, но сега ни се заканува нова опасност од подземни води и свлечишта. За сега е стабилно и се молам на Бога така и да остане, вели Весна.
Денот кога сето ова се случи беше ужасно. Кога гледате како водата надоаѓа, се губите од реалноста, тоа беше навистина морничаво, толку страшно да помислите дека гледате филм. Не можам со зборови да ви опишам. Мојот сопруг Бранислав, ноќта пред сето ова, отиде во Белград, а јас останав да ги засадам цвеќињата и да ја средам куќата, затоа што тоа секогаш го правиме во овој период од годината, а потоа се случи катастрофата – изјави мајката на Жељко за српски „Ало“.
Таа вели дека сѐ уште е потресена и вознемирена.
- Психички ми беше навистина тешко во тој момент, но мислев, барем тие во Белград нека бидат добро, јас ќе поминам лесно. Надвор тие денови беше навистина страшно, а вие не можете да направите ништо, освен да се молите, во темница, бидејќи во неколку наврати струјата се гаснеше. Стоев со часови на прозорецот и се молев. Фала му на Бога не поминавме полошо од ова – раскажува Весна, која сѐ уште е сама во Ваљево.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа