Ги искршил од ќотек па го демолирал кафе-барот - кумановчанец направил хаос

 

Вистинска драма се одвивала синоќа во Куманово. На улицата „Перо Чичо“ во кафе барот „Бар Код“ 54-годишниот П.К. физички го нападнал В.К. исто така од Куманово, нанесувајќи му телесна повреда.

Според податоците од полицијата, насилникот се разбеснил и искршил еден лап топ, потоа излегол надвор, искршил повеќе стаклени шишиња и физички нападнал уште три лица. На повредените им е укажана лекарска помош во Општа болница-Куманово и се пуштени на домашно лекување.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

21.05.2014 - 13:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега