Две тела лежат во скопски Аеродром

 

Две тела на маж и жена лежат во скопски Аеродром. Според информациите до кои дојде Press24 станува збор за маж и жена. Случајот пред 15 минути според нашите извори бил пријавен на линијата 192. Според очевидци, кога пристигнала полицијата, жената давала знаци на живот. Покрај телата имало и пиштол, а соседите слушнале истрели од огнено оружје. Најверојатно станува за меѓусебно недоразбирање меѓу мажот и жената кое завршило со пресметка со оружје.
На терен  во близина на Рамстор во Реонскиот центар во Аеродром има голем број полициски службеници и две возила на Брза Помош. Нашите извори велат дека мажот веќе починал, а каква е состојбата на жената се уште нема информации.

21.05.2014 - 20:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега