Крвава вечер во прилепско - тракторист го загуби животот

 

Уште една трагедија ја потресе Македонија. Четириесет и шестгодишен жител на селото Тополчани денеска загина кога тракторот со кој управувал, се превртел и го потиснал.

До несреќата дошло кога тракторот со кој починатиот Злате П. ја орал нивата, во еден момент се слизнал во ендек и се превртел, јавува МИА.

 

За неполн месец, ова е втор несреќен случај со трактор. Пред 12 дена на патот Ропотово-Пешталево во општина Долнени, загина 34-годишен жител на селото Секирци, откако се преврте трактор.

21.05.2014 - 21:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега