Утврден идентитетот: Детали за убиството во Ново Лисиче

 

38-годишната Адриана С. од Штип и 42-годишниот Горан С. од Арачиново се жртвите во вечерашното убиство и самоубиство во реонскиот центар во скопско Ново Лисиче. Увидот е во тек,а полицијата не излегла со официјални информации. Очевидците кои седеле во блиските кафулиња велат дека на пукањето му претходела расправија: "Слушнавме повеќе истрели. Најпрво мислевме дека се работи за петарди, но потоа од една од зградите се слушнаа пискотници од женско лице. Се стрчавме да видиме што се случува и на плочникот пред влезот забележавме две тела, по што веднаш повикавме полиција", велат очевидци за Пресс24.

Според нив, полицијата веднаш пристигнала на терен, и во овој момент целото место е заокружено со полициска лента. На терен се увидните екипи на МВР кои ги собираат доказите. Граѓаните кои живеат во зградата чекаат да заврши увидот за да влезат во своите домови.

Според првичните и неофицијални податоци, причина за убиството и самоубиството се љубовни проблеми.

21.05.2014 - 23:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега