Петмина во притвор за нередите во Ѓорче Петров
Седум дена во притвор ќе останат петмина осомничени за нередите во Ѓорче Петров.
Благодарение на обезбедените снимки и доказни материјали, како и извршената идентификација, Министерството за внатрешни работи во врска со инцидентите на вчерашните протести во Ѓорче Петров, по претходен договор со надлежниот Јавен обвинител, поднесе кривична пријава против пет лица од Скопје, вела од полицијата.
Според МВР Осомничените Б.Н.(30) и З.М.(30) од Аеродром, Д.З.(35) од Бардовци, Д.П.(38) од Ѓорче Петров и Д.Н.(19) од Стајковци се товарат дека сториле кривично дело „Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“. Казната предвидена во кривичниот закон за вакво дело изнесува од 3 месеци до 3 години, додека за водачот на толпата предвидената казна затвор изнесува од 5 месеци до 5 години.
Против Д.П.(38) во периодот од 1996 година до 2010 година, се поднесени 4 кривични пријави и тоа за „самовластие“, „загрозување со опасно орудие“, „учество во толпа“ и „тешка кражба“. Против Д.Н.(19) минатата година е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Насилство“.
Осомничените беа изнесени пред надлежен Судијата на претходна постапка, кој им одреди мерка притвор во траење од 7 дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа