"Сите ќе ги заколам, што ќе правам без тебе сине мој?" - таткото на убиеното момче скршен од болка

Тага и болка во Србија по убиството на 19-годишното момче Ненад, кој беше искасапен од малолетник.

- Мојот син кој има 19 години е убиен од малолетник. Можам да очекувам казна како да украл два касетофони, а него повеќе го нема!, изјавува таткото на Ненад кој е скршен од болка.

Момчето вчера беше погребано, а на погребот можеа да се слушнат лелеците на неговите родители кои се завиени во црно: - Каде се родителите на тие кои ми го убија синот??? Ги нема ни да изразат сочувство, а не па да се извинат. Сите ќе ги заколам, еден по еден, сине мој...почивај ми во мир, извикувал гневниот татко.

За потсетување, 16-годишен малолетник го уби 19-годишното момче поради љубомора за девојка. Започнале расправија, потоа нетрпението продолжило и на Фејсбук и завршило трагично, откако малолетникот се разбеснил и шест пати го прободел Ненад со нож.

Нека почива во мир!

22.05.2014 - 09:24
Фото: 
курир.рс
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега