Тргнала на роденден, ја убил па се самоубил - детали за убиството во Аеродром

 

Вистинска крвава љубовна драма синоќа ја потресе Македонија откако маж ја уби својата девојка, а потоа се самоуби, во скопската населба Аеродром. Како што дозна Пресс24 од очевидци на настанот, се работи за 38-годишната Адријана С. од Штип која беше убиена со два истрели од пиштол од своето момче, 42-годишниот Горан С. помеѓу првиот и вториот влез од зградата со број 10 на булеварот „Видое Смилевски Бато“.

Според податоците кои денеска ги објави полицијата, Адријана, која била во љубовна врска со Горан, синоќа со возило дошла на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ и се паркирала недалеку од зградата број 10, каде требала да оди на роденден кај нејзина пријателка. Со сопствено возило на истиот паркинг пристигнал и Горан и го паркирал недалеку од возилото кое го управувала Адријана. Кога се сретнале на паркингот меѓу нив настанала вербална расправија, која траела цело време додека се движеле кон зградата бр. 10. Кога стигнале во преминот под зградата, помеѓу првиот и вториот влез, Горан, најверојатно, со два истрела ја убил Адријана, а потоа со истиот пиштол се самоубил. Настанот, во Центарот за управување и команда е пријавен случаен минувач, додека лекар на Итна медицинска помош ја констатирал смртта.

По извршениот преглед на починатите од страна на обдуцент, телата се пренесени за обдукција во Институтот за судска медицина.

ФОТОГРАФИИ од местото на настанот може да погледнете ТУКА.

22.05.2014 - 12:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега