Џенифер Лопез ќе ги израдува фановите со своја автобиографија
Познатата пејачка Џенифер Лопез на есен планира да ја објави својата автобиографија.
Оваа книга ќе биде со наслов „True Love“ пејачката ги запишала своите интимни мисли. Се фокусирала на турнејата во 2012 година кога го преживувала најтешкиот период во својот живот.
Тоа беше двегодишно патување кое што ме трансформираше мене, како изведувач и мајка, стои во објаснувањето на „True Love“ во која ги открила и своите најголеми стравови.
Биографијата е замислена како дневник, а во него ќе бидат објавени досега невидени фотографии.
- Пишувањето книга ми беше лично искуство и прилично ранливо. Да ја немав љубовта која ја добив од децата,оваа приказна не би можела да ја раскажам, истакнува Џенифер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа