Велешанец доби условно: Зел фотки од Facebook на своја пријателка

 

Велешанецот В.Д.  е прогласен за виновен и  доби условна затворска казна затоа што  искористил фотографија на  пријателка за да закачи видео клип на Ју тјуб, пишува велешкиот портал, Ти реков ми рече.

Тој ое обвинет за кривичното дело ,,Злоупотреба на лични податоци,,. Според обвинението Димовски   во текот на месец јуни минатата  година, спротивно на условите утврдени со закон,  без согласност на оштетената Д. Д.  негова пријателка обработил и користел нејзини лични податоци.

Тоа го сторил така  што преку социјалната мрежа Facebook земал  фотографии на оштетената  ги искористил во видео клип,  користејќи аудиозапис од мобилен телефон со употреба на програмата Windows movie maker направил видео-клип.

 

Тој  бил објавен на ден 26.06.2013 на Интернет сервисот Youtube под наслов My Movie snaska mi !!! Во Основниот суд во Велес му е изречена алтернативна мерка условна каза доколку во следенете година дена стори било какво кривично дело, ќе оди затвор од три месеци.

23.05.2014 - 00:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега